Индија: Стаорци изеле 200 килограми запленет канабис

Полицијата од Индија ги обвинила стаорците за уништување на речиси 200 килограми канабис кои претходно ги заплениле од дилерите и ги „чувале“ во просториите на полициската станица.

„Стаорците се мали животни и не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив“, објавил судот во државата Утар Прадеш.

Судот побарал од полицијата како доказ да ја прикаже запленетата дрога, а судијата Санџај Чаудари навел дури три случаи во кои глодари уништиле запленета марихуана. Станувало збор за залихи кои требало да се користат како доказ во судот во случаи на трговија со дрога.

Во една од наредбите, кога судот побарал од полицијата да ја покаже запленетата дрога, било наведено дека стаорци изеле 195 килограми канабис. Во друг случај, станувало збор за 386 килограми дрога, а полицијата доставила извештај во кој се наведува дека „делови“ од канабисот биле „изедени од стаорци“.

Судијата Чаудари рече дека околу 700 килограми марихуана запленети од полицијата биле складирани во магацините на полициските станици во областа Матура и дека целата дрога е „загрозена од стаорци“.

Тој посочил дека полицијата не е стручна за решавање на овој конкретен проблем и советува запленетата дрога во иднина да се заштити од „бестрашните глодари“ за наместо да се чуваат во полициските магацини, да се продаваат на истражувачки лаборатории и медицински компании, а приходите да одат во државниот буџет.

Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум аргентински полицајци биле отпуштени откако обвиниле глувци за исчезнување на половина тон канабис од полицискиот магацин. Но, експертите го оспориле нивното тврдење, велејќи дека животните „едвај можат да ја заменат дрогата за храна“ и дека во тој случај ќе имало многу мртви глодари во магацините.

Студијата од 2019 година покажала дека по конзумирање тесто со канабис, лабораториските глувци „станале помалку активни и нивната телесна температура се намалила“.

Во 2017 година, полицијата во источната држава Бихар ги обвинила стаорците за конзумирање на илјадници литри конфискуван алкохол, една година откако државата ја забранила продажбата и консумирањето алкохол.

Пред четири години, техничари кои пристигнале да поправат неисправен банкомат во државата Асам откриле дека банкнотите вредни повеќе од 1,2 милиони рупии (14.691 долари) биле изглодани, а стаорци и тогаш биле посочени како осомничени.

25.11.2022 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега