Инцидент во Велес: Маж избоден со нож, уапсени четири лица

Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода И.А.(24), Ѓ.Ш.(28), Б.Х.(24) и Б.Д.(20), сите од Велес, затоа што околу 01.30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во домот на И.А. и Ѓ.Ш., при што И.А. со остар предмет му нанел убодни рани на Е.У..

Според пријавеното, на настанот му претходела физичка пресметка помеѓу И.А. и Б.Х. на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Велес. Повредениот бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

26.10.2021 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега