Инцидент во Скопје: Двајца полицајци повредени - оштетени 3 службени возила

Двајца полицајци се здобиле со повреди, а три службени возила биле оштетени во инцидент кој се случил во Скопје.

„На 22.09.2021 околу 17.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош биле попречувани од повеќе лица при извршување службани дејствија по претходна пријава од М.М.(53) од Скопје дека дел од овие лица физички го нападнале. Тие фрлале со тврди предмети кон полициските службеници, при што повредиле двајца од нив, а оштетиле и три службени возила. Во врска со настанот биле приведени три лица, а се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

23.09.2021 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега