Американскиот претседател Доналд Трамп се најде во фокусот на нов голем скандал по неговата посета на фабриката на „Форд“ во Мичиген. На снимката објавена од порталот „TMZ“, јасно се гледа бурната реакција на Трамп откако еден од работниците во фабриката му упатил тешки навреди.

Според информациите, додека Трамп се движел низ комплексот, работникот наводно му довикнал дека е „заштитник на педофилите“, алудирајќи на притисокот врз Белата куќа за објавување на досиејата за Џефри Епштајн. Претседателот не останал должен – на видеото се забележува како изговара пцовка, а потоа, според сведоци, упатува и непристоен гест со средниот прст кон толпата.

Инцидентот веднаш ги запали социјалните мрежи. Додека критичарите го обвинуваат за „непретседателско однесување“, неговите поддржувачи тврдат дека станува збор за директна провокација на која тој само човечки одговорил.

Exit mobile version