Инцидент во градинка во Скопје: Дете не сакало да јаде, негователката го стиснала за образ и го изгребала

Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12.06.2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка на подрачјето на Карпош забележале дека има гребаница на лицето.

Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала.

Се работи на расчистување на случајот.

14.06.2024 - 17:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега