Полицијата во Куманово синоќа во 19:40 часот го лишила од слобода 23-годишниот Б.Б. од Скопје.
Инцидентот се случил за време на кошаркарски натпревар во спортска сала во Куманово, кога приведениот фрлил метална монета кон теренот/публиката и со неа погодил малолетно дете, нанесувајќи му телесни повреди. Насилниот навивач е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

