Имињата на 14-те изгорени во пожарот во Тетово нема да бидат објавени во јавност - позната причината за тоа
Во катастрофалниот пожар кој избувна во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, а 12 беа повредени.
Имињата на загинатите нема да бидат објавени во јавност.
Од Владата за „Фокус“ објаснуваат дека нивниот идентитет е заштитен со закон.
-Во случајот со трагичната несреќа во Тетово станува збор за пациенти и нивната приватност и идентитет се заштитени согласно закон. Дополнително случајот е под истрага на Обвинителството. Институтот за судска медицина целокупната документација ја предаде на истражните органи, велат од Владата за „Фокус“.
16.09.2021 - 21:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа