Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово.
Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

