Илон Маск за Зеленски: „Тој бара милијарда долари на секои пет минути“

 

Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск го исмејуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски затоа што постојано бара од своите сојузници пари за Украина, пренесуваат медиумите во регионот.

Маск на социјалната мрежа „Х“ објави слика на кое се гледа маж со фотошопирано лице на Зеленски со напнат израз на лицето.

„Кога поминаа пет минути, а вие не побаравте милијарда долари помош“, се вели во описот на фотографијата. За шест часа објавата собра над 300.000 лајкови, а досега ја виделе над 22 милиони луѓе.

Медиумите потсетуваат дека американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата потпиша закон со кој ќе се овозможи продолжување на финансирањето на работата на Владата во период од 45 дена – до 17 ноември, пренесува Спутник. Сепак, законот не предвидува распределба на средства за Украина.

02.10.2023 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега