Илон Маск донирал вртоглави 259 милиони долари за кампањата на Трамп

 

Американскиот милијардер Илон Маск донирал 259 милиони долари (245 милиони евра) за поддршка на претседателската кампања на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, објави Американската изборна комисија.

Во соопштението се наведува дека Маск издвоил 239 милиони долари за поттикнување на поддржувачите на Трамп да излезат на претседателските избори одржани на 5 ноември, а крајот на октомври дал дополнителни 20 милиони долари на група која се обидувала да ги убеди гласачите дека Трамп нема да потпише закон за забрана на абортус на ниво на САД.

Со овие донации, Маск стана еден од најголемите донатори во претседателските кампањи во историјата на САД.

По изборната победа, Трамп го именува Маск, заедно со поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами, да го водат Одделот за ефикасност на владата во неговата нова администрација.

06.12.2024 - 22:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега