Илјас одби да претседава со Комисијата за социјална политика - Ќе се одржи ли седницата?

 

Во Собранието за денеска е закажана нова седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со единствена точка на дневен ред - Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Сепак, останува неизвесно дали ќе се одржи со оглед на тоа во понеделникот пратеникот Бејџан Илјас, кого претседателот на Собранието го назначи да ја води оваа Комисија, го одби ваквиот предлог. 

Илјас во понеделникот во изјава за МИА посочи дека до претседателот на Собранието доставил потпишано писмо во кое го известил спикерот Гаши дека не прифаќа да претседава со оваа Комисија, особено не со точка на чиј дневен ред ќе биде Предлог-законот за бранителите.

- Јас и „Европскиот фронт“ мислиме дека е направена голема неправда кон нашата колешка која беше претседателка на Комисијата. Партиите треба да седнат и да се доекипира Комисијата и на таков начин да се води расправа за законите, изјави Илјас.

Проблемот во Комисијата за социјална политика почна во ноември минатата година откако тогашната претседателка на Комисијата Илире Даути од Алијансата за Албанците одби да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители. Собранието на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 „против“ изгласа нејзина интерпелација по што таа поднесе оставка една недела подоцна.

Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група на „Левица“ поради, како што беше посочено, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ.

12.03.2025 - 08:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега