Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите
    • Казни и откази за административците ако добијат лоша оценка – промени во администрацијата
    • Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илиевски: Фокусирани сме на проекти во интерес на граѓаните, повиците за поделба на никого не носат добро

    Илиевски: Фокусирани сме на проекти во интерес на граѓаните, повиците за поделба на никого не носат добро

    26.10.2025 во 14:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес даде изјава за медиуми во која истакна дека без разлика на етничката припадност тој во текот на изминатиот мандат како градоначалник, а со план и во наредниот, е фокусиран на проекти, со што кажа дека и општината ќе продолжи да ја води во тој тренд.

    ,,Општина Брвеница и јас како градоначалник, без разлика на етничка верска припадност. Фокусирани сме на проекти, и сакаме да продолжиме во тој тренд. Улици патишта, без разлика, на село, на население сите се рамномерно застапени во општината“, вели Илиевски.

    Илиевски наброи проекти, кои според него покажуваат дека Општина Брвеница ниту беше водена изминатите година врз база на етничка припадност, ниту ќе биде во иднина, доколку тој освои уште еден мандат да ја води општината. Меѓу проектите кои ги наброи беа спортската сала во Челопек, тетовско, од 800 илјади евра, детска градинка, инвестиција од преку 400 илјади евра, во Гургурница камион за собирање на смет итн.  

    ,,Фокусирани сме на проекти и на зближување. Би го потенцирал примерот за соживот. Додека се реновираше училиштето во Брвеница ,околу 270 ученици секој ден ги носевме во Челопек. Никаков проблем немаше со месното население, овие повици на поделба на никого не носат добро“, рече Илиевски и додаде:

    ,,Населението докажа и во првиот круг, тогаш имавме албански гласови, и сега ги очекувам. Докажано е и уште еднаш повик до сите, не сме за омраза не сме за поделба, ги повикувам сите заедно да докажеме дека Брвеница е мултиетничка средина и така ќе остане“

    Прочитај повеќе

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.