Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Конче, Благој Илиев, ја побара подршката од граѓаните и порача дека општината има потенцијал да стане пример за развој и домаќинско управување.

„Јас нема да ветувам лажни работи, ветувам акција, работа и резултати. Ќе реконструираме патишта, ќе ги уредиме централните делови на сите населени места, ќе ги реконструираме водоводите и ќе овозможиме бесплатни комунални давачки за вода, одвод и смет. Ќе изградиме зелен пазар, индустриска зона со фабрика за откуп, финансиска поддршка за земјоделците и стимулации за младите,“ рече Илиев. 

Тој додаде дека се предвидени и реконструкција на стадионот, мултифункционално игралиште, рекреативен простор со базен и фитнес-зона, како и бесплатен превоз и дневен центар за стари и лица на кои им е потребна помош Илиев потсети и на четири годишното владеење на ДПМНЕ, кое го одбележаа лаги, застој и партиски интереси наместо развој.

„За нив, општината е банкомат, а не заедница. ДПМНЕ во Конче не гледа луѓе, гледа бројки и лични интереси.“, потенцираше Илиев. 

Тој потсети и на проблем со водата со кој се соочува општината и за кое локалната власт не  превзема ништо. 

„„Имаме најбогата општина, а народот нема вода. По цели три месеци селата како Долни Липовиќ е без вода во летниот период, а и таа што ја има е матна и неисправна. Доаѓа овде Мицкоски да води голи политики, и да знае дека ќе му испратиме едно шише вода од Долни Липовиќ, за друг пат која ќе дојде да знае дека имаме проблеми со вода“ рече Илиев.

Тој потенцираше дека под маската на реформи и лажни ветувања, ДПМНЕ вложуваа во сопствени удобства. 

„Доста беше со нивните лаги и манипулации. Време е за чесност, за работа и за луѓе кои ја сакаат оваа општина.“, порача Илиев.

Exit mobile version