Традиционално и оваа година, заедно со Премиерот на Република Македонија, Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, успеавме да внесеме новогодишна радост и насмевки кај најмалите.

Заедно со Премиерот и Градоначалникот Александар Стојкоски и оваа година ја испочитувавме оваа наша омилена традиција, напиша на социјалните мрежи пратеникот Бојан Стојановски.

Поделивме новогодишни пакетчиња и уште еднаш покажавме дека грижата за децата и нивната среќа се наш приоритет.

Немаат цена овие моменти.

Среќата на најмалите е непроценлива !

Новата година нека им донесе здравје, радост и многу безгрижни моменти на сите граѓани, стои во објавата на пратеникот на ФБ.

Exit mobile version