Икона од Богородица мироточи веќе 4 месеци во црква во Грција

Во новата интернет публикација на црквата Свети Димитрија во Грција беше објавено дека иконата на Пресвета Богородица веќе четири месеци не престанува да мироточи.

Уште на средината на септември во 2020 година кога почнало мироточењето, епархијата на Каисарија Виронос и Имитос поради ова официјално огласила чудо.

Во текот на Боженствена литургија на празникот Раѓањето на Пресвета Богородица, за време на читањето на Светото Евангелие, установено било дека протекле солзи од иконата на Богородица.

Во својата објава, старешината на храмот Свети Димитрија, Христодоулос Котсифис, напоменал дека минатата година оставила голем, длабок траг во историјата на човештвото со појавата на вирусот кој го потресе целиот свет. Но, сепак се појавила надеж, неочекувана утеха, но и чувство за олеснување од стравот и теророрт кој го посеала пандемијата.

Причината за утеха е мироточењето на Светата епископска икона на Богородица, која ја штити парохијата нСвети Димитрија уште од 2013 година, кога била донесена во црквата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега