ИЈЗ: Зголемен бројот на починати од коронавирус - 79,5 отсто од нив биле со претходни коморбидитети

Зголемување на бројот на починати од Ковид-19 е регистрирано во периодот од 13 до 19 јули во однос на претходната недела, покажуваат податоците во денеска објавениот извештај на Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 44 смртни случаи, што е за осум повеќе од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (81,8 отсто). Четириесет и еден од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 35 од смртните случаи (79,5 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети. Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 88 лица или 9,5 отсто од новозаболените, што претставува намалување за два отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 275 лица или кај 29,5 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за два отсто повеќе од претходната недела, стои во извештајот.

Во извештајот се евидентира намалување на бројот на новозаболени и оздравени лица..

Во овој период се забележува промена на старосната структура на новозаболените во однос на претходните недели, при што најголем процент се лица на возраст од 40 до 49 години (21,1 отсто), потоа лица над 60 години (20,6 отсто), поголем број новозаболени се регистрира кај лица од 30 до 39 (20,4 отсто) и кај лица од 50 до 59 години (19,7 отсто). Најмал број новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,2 отсто и од 10 до 19 години – 3,5 отсто од вкупниот број новозаболени, се наведува во извештајот на ИЈЗ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега