Идентификуван напаѓачот на Доналд Трамп - спречен нов обид за атентат

 

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е на безбедно по, како што изгледа, обидот за атентат во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида, соопшти ФБИ.

Два месеци по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, безбедносните сили очигледно спречија уште еден обид за напад врз Републиканецот. Според наводи од Тајната служба, телохранителите на екс-претседателот отвориле оган врз вооружен маж кој се криел во грмушките на маргините од теренот за голф на Трамп во Флорида. Трамп не е повреден. Федералната полиција ФБИ поаѓа од обид за атентат врз поранешниот претседател, како што известуваат сите американски медиуми.

Полицијата јавува дека имало апсење. Лицето било сопрено на автопат на околу 70 километри северно од голф-клубот, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мартин на Фејсбук. Се верува дека лицето е поврзано со истрелите кои биле испукани во близина на голф-клубот. Осомничениот делувал смирено и присебно.

Полицијата соопшти дека автоматска пушка од типот АК-47 со телескопски нишан и камера се пронајдене во грмушките на местото на инцидентот, а и уапсеното лице со себе носело телескопски нишан.

Вашингтон пост објави дека Трамп играл голф на теренот кога се случил инцидентот. Шерифот на округот Палм Бич на прес-конференција рече дека осомничениот бил во грмушките покрај теренот за голф кога агентите на тајната служба, кои го проверувале теренот, ја забележале цевката од пушката.

Агентите пукале кон него, а тој фрлил автоматска пушка слична на АК-47, два ранци и други предмети и побегнал со црн автомобил Нисан.

Сведок го видел осомничениот и го фотографирал неговиот автомобил и регистарски таблички, а замениците на шерифот го забележале и го запреле во соседната област.

Мажот приведен по пукањето беше „релативно мирен“, изјави шерифот на округот Мартин, Вилијам Д. Снајдер.

„Не покажуваше многу емоции. Не ни праша за што се работи“, изјави шерифот.

Снајдер изјави дека осомничениот не бил вооружен кога полицијата го извадила од автомобилот. Снајдер, исто така, истакна дека истрагата ќе ја преземе ФБИ, заедно со шерифот на округот Палм Бич и американската Тајна служба.

Снајдер додаде дека пред да биде запрено возилото, голем дел од автопатот бил блокиран, пред сомнителното возило конечно безбедно да биде запрено.

Трамп бил засолнет на безбедно веднаш штом бил забележан напаѓачот. Подоцна самиот се огласи дека е добро.

Неименуван полициски функционер рекол дека Трамп бил оддалечен од 300 до 400 метри од осомничениот или една или две дупки на теренот за голф.

Трамп беше повреден во атентатот во Пенсилванија на 13 јули, што покрена многу прашања за безбедноста на претседателските кандидати пред изборите на 5 ноември.

Белата куќа објави во соопштение дека претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис биле известени за инцидентот и дека им олеснало кога дознаеле дека Трамп е безбеден.

 

16.09.2024 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега