По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца.
Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!, појаснуваат од Управата за извршување санкции.

