И велешкиот градоначалник на собирот на МПЦ-ОА: „Семејството е столб на општеството, да го зачуваме“
Градоначалникот на Велес, Марко Колев се придружи на сенародниот собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, во организација на Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
На социјалната мрежа Фејсбук, сподели повеќе фотографии од атмосферата во Скопје и кратко напиша:
„Семејството е столб на општеството.
Негувајќи ги вистинските вредности да го зачуваме за да опстоиме.
За нас и за нашите деца“!
29.06.2023 - 20:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа