И Рускоска потврди: Мијалков е во Обвинителството

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека Мијалков пристигнал сам во Обвинителството.

Инаку, министерството за внатрешни работи вчера објави меѓународна потерница по Мијалков, откако полиција не го пронашла за да му го врачи решението за куќен притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега