И покрај зголемениот број на заразени Бугарија ги олеснува мерките

Рестораните се повторно отворени во Бугарија, по заклучувањето што траеше повеќе од три месеци, а мерките против коронавирусот се олеснуваат и покрај влошената епидемиолошка состојба.

Рестораните можат да бидат отворени од 6 до 23 часот, но тие можат да користат само половина од капацитетот, а на маса не можат да седат повеќе од шест лица.

Келнерите и другиот персонал мора да носат маски.

Бугарската агенција наведува дека централната пешачка улица во Софија, Витоша, во понеделникот била преплавена со луѓе, а рестораните биле полни со гости.

На социјалните мрежи е објавена снимка од трубачки оркестар, со кој се слави повторното отворање.

Според наредбата на Министерството за здравство, ублажувањето на мерките се однесува и на учениците со попреченост, кои можат да се вратат на настава во живо. Дозволени се и туристички патувања во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега