​И оваа година еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром

 
 
Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината. Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.
 
Родителите на првачињата потребно е до архивата  на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година заверена од основно училиште  од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

 

13.06.2023 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега