Close Menu
Press24
    Најново

    И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола

    25.03.2026 во 11:54

    Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош

    25.03.2026 во 11:36

    Ужасна несреќа, починал на лице место: Македонец со камион прегазил пешак во Србија и избегал

    25.03.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола
    • Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош
    • Ужасна несреќа, починал на лице место: Македонец со камион прегазил пешак во Србија и избегал
    • Трагедија во Скопје: Прегазен пешак, починал на лице место
    • Вдовицата на Кили скршена од болка: „Куќата е празна и мрачна… само дрвото остана исто”
    • Руски дрон погоди електрана во Естонија
    • Иран дозволи премин на бродови низ Ормусткиот Теснец под посебни услови
    • Мицкоски: Поединци во Владата и институциите кои не го даваат својот максимум ќе бидат сменети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола

    И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола

    25.03.2026 во 11:542 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вчера во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Скопје со цел контрола на возачи и возила со кои се врши јавен превоз на патници.

    При контролата изречени се шест мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници без да поседуваат задолжително лекарско уверение, четири мерки за технички неисправни возила со кои се врши јавен превоз на патници, четири мерки за превезување на повеќе патници од пропишаното во сообраќајната дозвола, една мерка за измината важност на возачката дозвола, една мерка за управување со автобус со несоодветна возачка категорија, една мерка за неизвршен вонреден технички преглед на автобус и осум мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 14 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

    Едно лице е лишено од слобода и времено одземено е едно возило за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно вршење јавен превоз без поседување возачка дозвола.

    Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците и патниците во сообраќајот.

    Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

    Популарно

    И ова е можно: Возел автобус во Скопје без дозвола

    25.03.2026 во 11:54

    Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош

    25.03.2026 во 11:36

    Ужасна несреќа, починал на лице место: Македонец со камион прегазил пешак во Србија и избегал

    25.03.2026 во 11:32

    Трагедија во Скопје: Прегазен пешак, починал на лице место

    25.03.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.