И на Меркел и дојде преку глава од коронавирусот:Тргна да ги наведува заштитните мерки па почна да пелтечи (ВИДЕО)

 Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Бундестагот изјави дека рестриктивните мерки за намалување на ширењето на коронавирусот во Германија ќе бидат во сила до крајот на декември, а можеби дури и подолго.

„Со оглед на големиот број на инфекции, претпоставуваме дека ограничувањата што се во сила пред Божиќ ќе продолжат да важат до почетокот на јануари, веројатно за поголемиот дел од Германија“, рече таа.

Сепак, еден детаљ од состанокот ги привлече вниманието на сите , кога Меркел започна да наведува какви мерки за заштита треба да применат студентите за време на предавањата, таа одеднаш почна да пелтечи.

„Значи, дистанца, маски и ... хмммм, растојанија, маска и ... што беше другото“, рече Меркел со насмевка, свртувајќи се кон своите соработници.

„Недостасува уште една работа, по сите овие часови преговори ... Веројатно знаете на што мислам“, додаде таа.

Тогаш еден од нејзините соработници притрчал на помош и и рекол „хигиенски мерки“, на што канцеларката кимна со главата и рече: „Да, така е!“.

Како што истакна таа, зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус, како и смртни случаи, се причина за загриженост.

„Мораме да кажеме, за жал, дека не можеме да ветиме дека ќе ги олесниме мерките за Божиќ и Нова година“, додаде таа.

Нејзиниот шеф на кабинет, Хелга Браун, исто така, рече дека правилата што ги ограничуваат социјалните контакти можат да бидат во сила подолго.

"Ни претстојат тешки зимски месеци. Тоа ќе продолжи до март. По март, јас сум оптимист затоа што повеќе луѓе веројатно ќе можат да се вакцинираат", рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа