И Џафери призна: Немаме мнозинство за да одржиме седница

 

Не се знае кога Собранието ќе ја одржи првата наредна седница. Претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска на средба со новинарите не прецизираше кога ќе ја закаже новата седница, а последната што почна и не беше изгласан дневниот ред поради немање кворум беше на 16-ти февруари.

Причини за неможноста да се одржи седница има неколку, и тоа недоаѓање на сите пратеници од владејачкото мнозинство – СДСМ и ДУИ на седниците поради коронакризата или други лични причини, проблемот во пратеничката група на ДУИ, како и противењето на опозициските партии да присуствуваат на седниците и да прават кворум за работа на Парламентот.

Џафери на денешната средба со новинарите најави разврска на ваквите случувања во Собранието, особено за намерно недоаѓање на седниците од страна на пратениците од владејачкото мнозинство односно поконкретно од пратеничката група на ДУИ.

Ова е прв пат функционер на ДУИ јавно да проговори за проблените кои подолг период тлеат во партијата. Плусинфо повикувајќи се на информации од Мала Речица пишува се сериозните несогласувања кои постојат на релација Изет Меџити - Артан Груби, Бујар Османи. Меџити кој е предводник на чаирскиот огранок на ДУИ, еден од најсилните во партијата поддржан од уште двајца пратеници во Собранието практично ја опструира работата на партијата која веќе подолг период поради внатрешни несогласувања не може ниту да ги избере партиските тела. Се најавува и можноста Меџити да биде тој кој што ќе поднесе интерпелација за Груби.

Поради тоа, Собранието практично е блокирано, а Владата останува без мнозинство. Пробленмите во ДУИ ескалираат во време кога опозицијата најавува дека ќе го преземе мнозинството и ќе формира техничка Влада која ќе треба да подготви предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега