Хуманитарна акција: Донирајте храна за настраданите во пожарите

 

Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие. 

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата. 

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите. 

 

05.08.2024 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега