Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

    СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

    14.09.2026 во 13:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема, реагираат од СДСМ.

    Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

    Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. 

    Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. 

    Како и за сè друго што ветил – излажа.

    Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

    Сега и „Газда Деко“ е на слобода.

    Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност. 

    Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница. 

    Нема одговорност за криминални тендри.

    Се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта.

    Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите.

    СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани.

    Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.