ВМРО до толку многу лажат што во лагите се губат тотално.

Вчера рекоа дека имало бавидби демант од Европската Унија и дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос за „токсичните влијанија на Русија и други“ како и пораката дека „нема место за тројански коњи“ не се однесувала на Македонија, велат од СДСМ.

Па каде е демантот?

Го нема.

Еве вака функционира ВМРО-ОКГ.

Покажаа дека може да отидат до таму да лажат и да измислуваат деманти на ЕУ. 

Лажеа за името, лажеа за Преспанскиот договор, лажеа за платите, еве сега лажат и за ЕУ.

Политиката на ВМРО и Мицкоски се сведува на само еден збор: лага.

Но граѓаните веќе тоа го знаат и го препознаваат.

Колку повеќе ВМРО лаже за ЕУ, толку појасно станува дека нивната политика не води кон Европа, туку кон намерна изолација, велат од СДСМ.

Exit mobile version