Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина – токму како мајка се дрзна да вовлече туѓи деца во вмровските валкани методи

    Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина – токму како мајка се дрзна да вовлече туѓи деца во вмровските валкани методи

    14.02.2026 во 12:34Updated:14.02.2026 во 12:453 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    АФЖ – Левица најостро го осудува лицемерието и ароганцијата на Дафина Стојаноска, поддржана од пратениците на ДПМНЕ и самиот Мицкоски, кои се обидуваат да се засолнат зад флоскулата „жена, мајка“ во момент кога јавноста бара одговорност за нејзиниот крајно недостоен чин – објавување снимка во која се појавуваат малолетни деца, во контекст на удар врз лидерот на најголемиот синдикат во државата, реагираат од Левица.

    „Додека ДПМНЕ држи лекции дека секој што се впуштил во јавниот живот (алудирајќи на Трендафилов) треба да биде подготвен и на критики, ДПМНЕ, типично за нив, бегајќи од одговорност за скандалозната снимка, се кријат зад жртвениот панцир „жена, мајка“, дури и во ситуација кога дотичната не беше ниту навредена, а најмалку пак беше ставена во контекст за тоа дали е жена и мајка. 

    Манипулацијата со мајчинството во оваа ситуација е смешно. Не станува збор за тоа дали е жена или мајка, туку дека таа, како дел од владејачката ДПМНЕ, како пратеник на народот, избира на брутален начин да се спротивстави на интересите на најбројните во општеството (работничката класа), наместо да ги застапува, и го поддржува статус кво-то кое ја задушува економската и социјалната сигурност на граѓаните.

    Особено цинично е лицемерието што пред само три дена истите пратенички на ДПМНЕ не го поддржаа предлог-законот на Левица за заштита на бремените жени од отпуштање, со што тие ја продолжија системската дискриминација и егзистенцијалната несигурност на жените што решиле да станат мајки. Денес, пак, тие пред камерите играат улога на “заштитнички“ на жените кога тоа им одговара на партиските интереси.
    Каде беше оваа чувствителност кон мајчинството кога се објавуваа снимки од туѓи деца? Каде е солидарноста со жените кои работат за минимална плата, со самохраните мајки, со оние кои не можат да ги покријат ниту основните потреби? Ја нема, бидејќи зад флоскулата „жена, мајка“ не стои принцип, туку исклучиво партиска илузија и политички интерес.

    Токму ваквото однесување ја потхранува одбивноста на жените кон политиката. Затоа што гледаат политичарки како Дафина Стојаноска кои никако не ги претставуваат и ја потценува интелигенцијата на јавноста со евтини манипулации. И наместо да ги сносат последиците на своите скандалозни дејствија, манипулираат за наводна мизогинија.

    Кога пратеничка од власта наместо да расправа за плати, да биде во дослух со потребите и пробелмите на народот, се занимава со дискредитација на синдикален лидер – тоа е јасен показател на чија страна стои, а таа страна никако не е онаа на мнозинството жени. Затоа, бараме ОСТАВКА од Дафина Стојаноска. Оваа функционерка која ги игнорира интересите на граѓаните и го злоупотребува полот и мајчинството, не заслужува место во законодавниот дом“, стои во реакцијата на Левица испратено до медиумите.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Германија со 100 милиони евра за спречување нов бегалски бран од Блискиот Исток

    06.03.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.