Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ќе го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија.

Според владината агенда, пречекот на делегацијата е предвиден на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери и билатерална владина средба.

Во рамки на посетата ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка меѓу двете земји, како и меморандум за соработка во областа на енергетиката. Предвидена е и заедничка прес-конференција, како и бизнис средба меѓу компании од Македонија и Хрватска.

Exit mobile version