Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел, пишуваат бугарските медиуми.

Според информациите, на Хрватска и’ е одобрено да се приклучи.

На почетокот на денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, Австрија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија и Романија. Холандија рече дека ќе го поддржи влезот на Романија, но не и на Бугарија.

08.12.2022 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега