Хрватска има 89 заразени од корона на 100.000 жители, БиХ 118, Црна Гора 120
Како резултат на анализите на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), објавена е статистика за бројот на заболени со Ковид-19 која ги вклучува и земјите од регионот.
Па така, во Србија на пример, бројот на заразени со корона бележи значителен пад.
Последните бројки зборуваат дека во оваа земја има 1.624 активни случаи со Ковид-19, односно дека има 23,2 заболени на 100.000 жители.
Кога станува збор за нашата земја, ситуацијата е поинаква, односно во Македонија има 74,9 заболени лица на 100.000 жители.
Во Хрватска има 89 заразени на 100.000 жители, во Црна Гора 120,5 на 100.000 жители и во БиХ 118 заболени со коронавирус на 100.000 жители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа