Хрватска ги промовира ковид – автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со ковид – автобуси и ја истакнаа важноста на високата стапка на вакцинација за туристичката сезона, но и како подготовка за новиот бран на пандемијата наесен.

„Во Хрватска, вакцинирани се нешто повеќе од 40 проценти од возрасната популација, но откриен е новиот опасен индиски сој на вирусот, така што нема опуштање“, рече Цапак во местото Стари Градац, од каде што денеска тргна првиот ковид – автобус кон руралните населени места.

Цапак го опиша воведувањето на ковид – автобусите како важен момент со оглед на намалениот интерес за вакцинација.

Со оваа иновативна форма, тимовите за вакцинација стигнуваат до куќите на жителите во помалите градови и до луѓето кои се двоумат дали треба да се вакцинираат и да патуваат во поголемите градови за тоа.

Makfaks

14.06.2021 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа