Close Menu
Press24
    Најново

    Насилства во битолски училишта: Двајца средношколци нападнати од соученици во ист ден

    17.03.2026 во 18:42

    Сиљановска-Давкова: Преку мајчиниот јазик се чува националната свест на Македонците во Србија

    17.03.2026 во 18:29

    Нафтен шок: Цената на нафтата „Брент“ проби над 100 долари по нападите во Емиратите

    17.03.2026 во 18:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насилства во битолски училишта: Двајца средношколци нападнати од соученици во ист ден
    • Сиљановска-Давкова: Преку мајчиниот јазик се чува националната свест на Македонците во Србија
    • Нафтен шок: Цената на нафтата „Брент“ проби над 100 долари по нападите во Емиратите
    • Внимавајте ако патувате: Снежен колапс во делови од регионот
    • Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка
    • Разбиена шема за кражба на дрва во велешко: Кривични пријави за фирма од Бузалково и вработен во „Национални шуми“
    • Подгответе се: Утре ќе нема струја седум часа
    • Полицијата во акција: Приведени девет возачи, меѓу нив и малолетник зад воланот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС

    Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС

    09.10.2025 во 15:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Хрватска е подготвена да ја купи српската нафтена компанија НИС, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, пренесе регионалната телевизија Н1.

    „Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор“, рече Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС што стапија денеска во сила.

    Тој нагласи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди континуитет и заштита на деловните интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС соработува веќе 40 години, „без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија“.

    „Тоа би било од корист и за нас и за Србија“, додаде хрватскиот министер.

    Шушњар потсети дека единствената српска рафинерија, во Панчево, обезбедува околу 20 проценти од нафтените деривати на пазарот во Босна и Херцеговина, што е дополнителен предизвик за регионот.

    „До крајот на месецот очекуваме модернизацијата на рафинеријата во Риека да биде завршена, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе можеме да помогнеме на Босна и Херцеговина, а делумно и на Србија“, рече Шушњар.

    Тој додаде дека Хрватска е подготвена да испорача доволни количества нафта и на Унгарија, Словачка и Србија кога тоа ќе го дозволат условите.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Жена остана без 2.000 € и 1.000 $ – МВР приведе скопјанец

    17.03.2026 во 10:03

    Подгответе се за невреме – Лош пресврт со времето

    17.03.2026 во 07:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.