Хоспитализиран е Неговото височество Харалд Петти - закачил инфекција на одмор
Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор.
„Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство.
Во соопштението се наведува дека за 87-годишниот крал Харалд Петти се грижи малезиски и норвешки медицински персонал.
27.02.2024 - 22:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа