Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари

    29.10.2026 во 16:40

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    29.10.2026 во 16:32

    Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари

    29.10.2026 во 16:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал
    • Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС
    • Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална услуга преку М-услуги
    • Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор во скопско училиште: Родителите во страв, ученик од четврто одделение донел нож, претходно напаѓал со ножици

    Хорор во скопско училиште: Родителите во страв, ученик од четврто одделение донел нож, претходно напаѓал со ножици

    27.02.2026 во 09:23Updated:27.02.2026 во 09:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Родителите на учениците во основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар алармираат за нарушена безбедност откако ученик од четврто одделение донел нож во училницата. Според тврдењата на група родители, ова не е прв инцидент со истото дете, кое и претходно покажувало агресивно однесување и напаѓало соученици со ножици, пренесува Курир.

    „Не можеме да бидеме уверени во објаснувањето дека ножот бил ставен по грешка во ранецот. Веќе четири години се соочуваме со проблеми, вербални закани по живот и психофизички притисок врз нашите деца“, наведуваат родителите во заедничкото соопштение.

    Директорката на училиштето, Билјана Билбиловска, за порталот Курир изјави дека е постапено согласно сите законски прописи и дека е изготвен план за поддршка на ученикот.

    „Во конкретниот случај не беше утврдено заканувачко однесување кон други ученици, ниту намера за повредување. Училиштето останува доследно во обезбедување безбедна средина“, изјави Билбиловска.

    За случајот е информирана и министерката за образование, Весна Јаневска, која најави дека Државниот просветен инспекторат веќе постапува на терен. Таа нагласи дека доколку се потврдат наводите, ќе биде неопходна функционална проценка на детето и вклучување на дополнителни образовни асистенти.

    Прочитај повеќе

    МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат

    29.10.2026 во 16:11

    Малолетник нападнал вработена во средно училиште во Карпош

    29.10.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.