Хорор во Скопје: Маж се обидел да изврши полов напад и силување на Водно

 

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 26 февруари, на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување.

Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, осомничениот со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земјата, па легнал врз неа, со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот.

Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата Востаничка во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности што го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

16.03.2023 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега