Брутално убиство ја потресе белградската населба Раковица, откако М.П. (67) утрово го лишила од живот својот сопруг З.П. (76). Според првичните информации, злосторството било извршено на исклучително свиреп начин.

Се сомнева дека жената го убила сопругот забивајќи му дрвен предмет директно во срцето. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за ногарка од стол. Полицијата веќе го пронашла предметот со кој е извршено делото и истиот е испратен на вештачење.

Станарите од околните згради велат дека биле сведоци на силна бучава непосредно пред трагедијата.

„Се слушна бучава, а во еден момент експлодираше како бомба. Тогаш ја повикавме полицијата“, вели еден од станарите за српските медиуми.

Ова не е прв инцидент во семејството. Медиумите пишуваат дека осомничената и минатата година го бркала сопругот со нож низ станот, а при полициската интервенција, ги нападнала и службените лица.

Exit mobile version