Вчера во 20:45 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.В.(27) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што со тврди предмети оштетил службена табла на Фондот за здравствено осигурување и прозорци од службените просториите на фондот.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version