Хорор во Кавадарци: 61-годишен маж силувал девојче од дом за деца

 

Вистински хорор се случил на 23-ти месецов во Кавадарци.

Од СВР Велес за Прес24 информираат дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека маж на 61 година, од кавадаречко село силувал девојче во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци. Овој настан го пријавила вработена во домот.

„На 25.10.2022 во ОВР Кавадарци, вработена во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци пријавила дека на 23.10.2022, 61-годишен маж од кавадаречко село извршил обљуба врз малолетна штитеничка на домот“, изјавија од СВР Велес за нашиот медиум.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

26.10.2022 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега