Информација споделена на социјалните мрежи предизвика загриженост меѓу туристите, откако се појави вест дека чакал наводно влегол во камп во Неос Мармарас и го нападнал детето кое било во шатор.

Според објавата на Инстаграм страницата „Grčka info“, која пренесува содржини од Фејсбук групи, инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ во кампот Мармарас. Животното најпрво влегло во кампот, а потоа се приближило до шаторот каде што се наоѓало детето, кое според тврдењата претрпело повреди на лицето и било пренесено во болница.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за овој настаните, ниту пак е независно потврдено дека станува збор за чакал. Медиумите потсетуваат дека шумите на Ситонија се природно живеалиште на различни диви животни, како лисици, диви свињи, волци и чакали, кои ретко се приближуваат до населените места.

Туристите се предупредуваат да бидат претпазливи, да не оставаат храна и отпад близу сместувачките капацитети и да избегнуваат контакт со диви животни.

Exit mobile version