Хорор во Хрватска: Куче истрчало од дворот и нападнало жена и нејзиното куче, сопственикот го убил со чекан

 

Полициски службеници извршиле кривична истрага и утврдиле сомнение дека 46-годишен хрватски државјанин сторил кривично дело убивање или мачење животни. Вчера околу 8 часот и 30 минути неговото куче истрчало од дворот и нападнало друго куче кое 60-годишна жена го шетала на поводник.

Жената се обидела да ги раздвои кучињата, но кучето кое истрчало од дворот ја каснало за рака и таа паднала на земја. 46-годишниот сопственик при обид да го раздвои со чекан го удрил своето куче по главата и на тој начин го усмртил. Од нападот починало и кучето на жената, додека таа била полесно повредена.

Од полицијата најавија дека за настанот ќе ја известат надлежната ветеринарна инспекција. 46-годишникот ќе одговара до државното правобранителство во редовна постапка за убиство на кучето, а ќе биде казнет и за прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно чување животно без надзор.

23.03.2023 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега