Хорор во Британија: Мајка обвинета за убиство на двегодишната ќерка

 


Жена (42) во Британија е обвинета за убиство на нејзината двегодишна ќерка Анабел Меки, јавува Sky News. Девојчето исчезнало од својот дом на 10 септември 2023 година, а набргу потоа било пронајдено во несвест во езерце, по што починало.

Анабел Меки (2) исчезна од својот дом во Кингсли, Хемпшир, Англија. Набргу по нејзиното исчезнување, таа била пронајдена во несвест во езерцето Кингсли. Во тешка состојба била пренесена во болница, но следното попладне починала. Алис Меки беше обвинета за убиство. Таа е во притвор и денеска треба да се појави пред судот во Бејсингсток.

Таткото на Анабел и оддаде почит на својата ќерка во изјава, опишувајќи ја како убаво, весело и многу среќно девојче.

“Таа имаше неверојатно чиста и грижлива природа која ужасно ни недостасува. Сакаше да раскажува приказни, за кучиња и нејзината кукла. Уживаше да пее песни”

Според извештаите, Алис Меки по професија е учителка и пораснала на помалку од еден километар од езерцето каде што била пронајдена Анабел.

Во 2015 година се омажила за компјутерскиот консултант Питер Меки, а во 2020 година се преселиле од Лондон во Кингсли. Истрагата за смртта на Анабел и нејзините движења пред да биде пронајдена во езерцето ја водеше тимот за сериозен криминал во Хемпшир.

05.03.2025 - 11:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега