Хорор во Англија: Избодена до смрт мајка додека туркала количка со дете
Полицијата обвини 25-годишен маж за убиството на Кулсума Актер, која беше избодена до смрт додека туркаше бебе во количка во Бредфорд. Властите го уапсија Хабибур Масум од Барнли во вторникот рано наутро и тој беше обвинет во средата. Тој денеска треба да се појави пред судот во Брадфорд.
Властите, исто така, уапсија уште четворица мажи на возраст од 20-ти години, под сомнение дека помагале на престапник и прекршоци поврзани со дрога. Моментално се во полициски притвор.
Полицијата во Западен Јоркшир во соопштение додаде дека 23-годишниот маж кој беше уапсен во понеделникот под сомнение дека му помагал на обвинетиот е ослободен со кауција. Актер (27) во саботата околу 15 часот и 21 минути била пронајдена тешко повредена. Таа била пренесена во болница каде починала. Нејзиното бебе не е повредено.
Роднина на 27-годишната, Афтаб Миах, изјави за Би-Би-Си претходно оваа недела дека семејството е уништено од нејзината смрт. “Беше љубезна и скромна. Ги смееше луѓето околу неа. Нејзината мајка во Бангладеш постојано лее солзи”, вели Миах.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа