Вчера во 20:00 часот на ул.„Дабничка” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.А.(40) и И.Џ.(27), двајцата од Прилеп, постапувајќи по пријава дека истиот ден во населба „Три багреми” во Прилеп со остар предмет го нападнале С.А.(36) од Прилеп и му нанеле повреди, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

