Холанѓанец го предвидел земјотресот во Турција на „Твитер“ пред три дена

 

 

Во случајот со разорниот земјотрес што утринава ја погоди Турција, прогнозата на европски истражувач се покажа како точна.

Научникот Френк Хугербитс од Харлем во Холандија на 3 февруари годинава во 13 часот и 3 минути на својот „Твитер“ објавил дека Турција, односно нејзиниот југоцентрален дел во близина на Сирија, Јордан и Либан, како што напиша, „порано или подоцна“ ќе биде погоден од земјотрес.јачина 7,5 степени.

Она што го предвиде, за жал, се оствари, а тој дел од Турција го погоди страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени, при што според досегашните информации загинаа над 1.000 луѓе.

По земјотресот утринава во областа, многумина почнаа да ја споделуваат оваа објава како доказ дека земјотресите може да се предвидат.

Но, според експертите, тоа е едноставно прашање на случајност.

Научниците сè уште немаат никакви методи или уреди за да го утврдат точното време и јачината на земјотресот.

Некои сеизмолози тврдат дека не е тешко да се погоди дека ваков разорен земјотрес ќе се случи на југот на Турција, бидејќи тоа е тектонски многу активна област каде и во минатото имало разорни земјотреси.

 

 

06.02.2023 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега