Хоџа: Пописот докажа дека со ДУИ во Владата, бегството на Албанците е масовно

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебатa коja бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, изјави на денешната прес-конференција генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа.

„Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата“, потенцираше Хоџа.

„Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста.

Прво: Формата, начинот и водењето на процесот помина во целосна тајност, додека процесот на одложување односно прекин на процесот и пречките со кои се соочуваа граѓаните за пријавување, особено оние во дијаспората, го губи кредибилитетот на пописот како процес. Одтука, се сомневаме дека овој процес се претвори во политичко пазарење помеѓу СДСМ и ДУИ, како и многу други прашања во минатото, кои за жал докажаа дека при секое политичко пазарење на ДУИ последиците се долгорочни за Албанците во државата. .

Второ: Ако тргнеме од статистичките податоци кои произлегуваат од овој попис, на површина излегува една голема вистина која континуирано ја покренуваме како грижа, а тоа е дека во сите овие години на владеење на ДУИ, Албанците масовно си заминаа од родното место.

Погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.

Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места.

Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата.

Го потврдуваме нашиот став дека државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението, за што и самите биле учесници во организацијата на истиот“, истакна тој во своето обраќање.

31.03.2022 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега