Хилари Клинтон: Бајден е создаден за овој момент на историјата

 

Поранешната американска државна секретарка и претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, оцени дека Џо Бајден е „создаден за овој момент на историјата”.

 

-Мислам дека овој момент и Бајден се создадени еден за друг. Се чувствувам лесно и благодарно што можевме да присуствуваме на трансферот на политичка моќ на мирен начин. Тоа е многу важно, затоа што само пред две недели во Капитол имаше разбојници и терористи кои се обидоа да ја запрат демократијата. Денеска моето срце е на место, рече Клинтон, пренесена од Си-Ен-Ен. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега