Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хера: Сеопфатното сексуално образование е решение за насилство, злоупотребата и дезинформациите

    Хера: Сеопфатното сексуално образование е решение за насилство, злоупотребата и дезинформациите

    09.09.2026 во 17:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и најавува негова „длабока ревизија по барање на јавноста“. Во земја во која податоците за насилството, дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни, бараме образовните програми да одговорат на секојдневните потреби на младите и загриженостите на родителите.

    Ако има нешто од што треба да се плашиме, тоа не е ССО, туку сè почестите случаи на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори. Треба да нè загрижи што дури 10% од децата на возраст од 12 до 17 години во Северна Македонија, односно речиси 12.000 деца, биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија во период од само една година.

    Податоците покажуваат дека 8% од децата биле изложени на сексуални слики, 5% добиле несакани барања за интимни фотографии или видеа, 4% биле уценувани дека нивни содржини ќе бидат распространети, а кај 3% такви содржини веќе биле споделени без нивна дозвола. Дополнително, во 78% од случаите сторителот е лице што детето го познава, а 52% од случаите на сексуална експлоатација се случуваат преку социјалните мрежи како Instagram, Snapchat, TikTok и WhatsApp. Во ваква реалност, поразително е што само 19% од анкетираните деца изјавиле дека добиле некаков вид сексуално образование. Податоците пак за сексуалното и репродуктивното здравје покажуваат дека само во 2024 година 588 деца биле родени од мајки на возраст од 15 до 19 години, а во само еден месец беа регистрирани и 11 нови случаи на ХИВ.

    Ова е реалноста со која живеат младите, а повлекувањето на ССО значи повлекување на една од ретките системски алатки што може да им помогне да препознаат ризик, да постават граници, да кажат „не“, да побараат помош и да се заштитат. ССО не е закана за децата, туку е системски одговор на заканите со кои тие веќе се соочуваат: сексуалното и врсничкото насилство, уцените, споделувањето интимни фотографии без согласност, токсичните врски, непланираните бремености, превенција на ХИВ и дезинформациите од интернет.

    ССО ги учи младите што е согласност, како се поставуваат лични граници, како се препознава злоупотреба, како се гради здрав однос, како се штити сопственото тело и каде се бара помош. Тоа е превенција, знаење и заштита, поради што и меѓународното истражување Disrupting Harm (спроведено од UNICEF, INTERPOL и ECPAT International) препорачува интегрирање на образование соодветно на возраста за односите, границите и согласноста во училишните програми.

    Денешната одлука отвора едноставно прашање: ако доказите покажуваат дека децата се изложени на насилство, злоупотреба, уцени и дезинформации, зошто би ја повлекле токму алатката што треба да им помогне да се заштитат? Повлекувањето на ССО нема да ги тргне ризиците, социјалните мрежи, насилниците, раните бремености, ХИВ или злоупотребата. Ќе го тргне само знаењето, правејќи ги младите уште поранливи. Очекуваме науката и доказите да бидат основа за секоја следна одлука, бидејќи образовната политика не смее да се води од страв, притисок и дезинформации. На децата не им треба помалку образование, туку повеќе знаење, повеќе превенција и повеќе заштита.

    Прочитај повеќе

    ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена

    06.10.2026 во 14:11

    МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден

    06.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.