Хејли: Кандидатурата на Трамп за претседател би била самоубиство за САД

Кандидатката за номинација во рамките на Републиканската партија за претседателските избори во ноември, Ники Хејли, изјави дека доколку Доналд Трамп стане републикански претседателски кандидат, тоа би било „самоубиство“ за САД.

По неколку порази во американските држави од Трамп, Хејли за Вол Стрит Журнал изјави дека е „сериозно загрижена“ за поранешниот претседател.

Укажувајќи на обвинението од 91 точка во четирите случаи со кои се соочува Трамп, Хејли рече дека „можеби тоа е негов начин да преживее да ги плати своите правни трошоци и да се извлече од правната опасност, но сето тоа изгледа како самоубиство за Соединетите држави“.

И покрај тоа што го критикуваше Трамп во последните недели, Хејли исто така рече дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден е поопасен од неговиот претходник Доналд Трамп.

27.02.2024 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега